6.4.18

НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

На 24 февруари во ООУ "Кирил и Методиј"- Велес се одржа општински натпревар по Хемија на кој учество зема ученичката Мартина Стаменкова и освои ||| награда, со право на учество на регионален натпревар. На ден 24 март се одржа регионалниот  натпревар  во ССОУ "Димитрија Чуповски " Велес каде ученичката Мартина Стаменкова ја освои ||| награда со право на учество на државен натпревар, под менторство на наставничката Маја Миленковиќ.

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

На ден 31.03.2018 година (сабота) во ООУ „Блаже Конески“ Велес, се реализираше Регионален натпревар по математика, каде учество земаа и учениците од ООУ „ЈХК-Џинот’ Велес. Ученикот Игор Ѓорѓиев од VII одделение под менторство на наставникот Игор Михајловски освои ПРВА награда. Продолжуваме на државен!!!

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

На ден 17.03.2017 година (Сабота) во просториите на ООУ. "Св. Кирил и Методиј" Велес, се реализираше Регионален натпревар по ГЕОГРАФИЈА, каде учествуваа ученици од нашето училиште ООУ. "ЈХК-ЏИНОТ" Велес. Ученичките Валентина Бизимоска од VII a и Анастасија Ѓорѓиева од VII b Одделение под менторство на наставникот Мирослав Велковски освоија ТРЕТО место. Мартин Арсов од VII b oдд. освои пофалница за учество. Честитки за нашата географска експедиција